Информатор на општина Новаци 21 | Page 7

Општина Новаци во 2013 година доделила 145 000 денари парична помош за 30 новородени деца Според последните статистички податоци во општина Новаци во 2013 се родиле 6 новороденчиња повеќе од претходната година. За таа цел локалната самоуправа одвоила вкупен еднократен паричен надоместок во висина од 145 000,00 денари. „Веќе 7 години наназад имаме редовна практика ,општината да исплаќа по 5000,00 денари за секое новородено дете со цел да се поттикне зголемувањето на наталитетот во општината.Минатата година доделивме вкупно 145 000,00 денари за 30 новороденчиња.Мерката која ја донесовме со одлука на Совет со цел стимулирање на порастот на наталитетот наиде на позитивни реакции .“ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски. Во општина Новаци во 2013 година се родиле 30 новороденчиња, 24 во 2012 година, 27 во 2011 а 26 во 201о година. За да се стекнат со ова право родителите треба да поднесат барање во општината и во прилог да достават извод од матична книга на родени и венчани, лична карта на родителите и копија од трансакциона сметка. Право на користење на еднократната парична помош за новороденче има еден од родителите кој треба да биде државјанин на Р.Македонија со постојано место на живеење во државата, за дете родено во Р.Македонија. Општина Новаци минатата година доделила вкупно 182 000,00 денари по основ потреба од здравствено лекување на физички лица, 110 780,00 денари по други основи за пожар, социјална помош на загрозена категорија граѓани и штета од елементарни непогоди, на Здружението на слепи лица од Битола за учество на шаховски турнир и парична помош на Центарот за мултиетничка соработка „Заедно со Европа“ од Струга за рехабилитација на деца со аутизам . 7