S-Work No.69 69 | Page 9

Социјални и културолошки фактори Многу мажи кои имаат секс со мажи доживеале хомофобична стигма, дискриминација и насилство. Ова ги тера луѓето кои имаат секс со мажи да го кријат својот идентитет и сексуалната ориентација. Многумина стравуваат од негативна реакција од страна на здравствените работници. Како резултат на тоа, мажите кои имаат секс со мажи имаат помала веројатност да пристапат до услугите за ХИВ. Постои поголема веројатност, мажите кои имаат секс со мажи да доживеат депресија поради социјална изолација и исклучување од здравствените системи. Ова може да го отежни пристапот до услуги поврзани со ХИВ, како што е и придржувањето кон АРТ терапијата. Програми за превенција на ХИВ кај МСМ популацијата Високата преваленца на ХИВ меѓу мажите кои имаат секс со мажи ширум светот е доказ дека стратегиите и програмите за превенција на ХИВ не успеваат да стигнат до оваа група. Извештаите од 20 земји во 2009 и 2013 година покажуваат дека процентот на мажи кои имаат секс со мажи кои имаат пристап, односно кои се опфатени во програмите за превенција на ХИВ се намалил од 59% на 40%. Исто така треба да се истакне фактот дека пристапот до овие програми варира во различни региони во земјите, т.е мажите кои имаат секс со мажи со повисок приход се со поголема веројатност да можат да си ги дозволат услугите поврзани со ХИВ и да пристапат до иницијативи за спречување на преносот на ХИВ вирусот, за раз лика од оние кои имаат низок приход. Затоа е многу важно програмите за превенција на ХИВ да бидат лесно достапни за сите подкатегории од МСМ популацијата. Како резултат на ова, во 2015 година, група меѓународни агенции и невладини организации објавија алатка „Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми кај МСМ” наменета за употреба од страна на официјални претставници од јавното здравство, претставници на програмите за ХИВ и СПИ, невладини организации, здравствени работници и организации водени од заедницата. Оваа алатка дава препораки за превенција, тестирање и третман на ХИВ кај мажи кои имаат секс со мажи и се базира на успешни пристапи под водство на заедницата. 9