S-Work No.69 69 | Page 8

Биолошки фактори Една од главните причини за висок ризик од ХИВ кај оваа група е имањето на незаштитен анален секс . Тоа е затоа што ѕидовите на анусот се тенки и полесно се кинат , со што ХИВ вирусот може да навлезе во крвта . Исто така , сексуално преносливите инфекции ( СПИ ) го прави лицето поподложно на ХИВ инфекцијата . Тука голема улога игра и ниската свест кај оваа популација за сопственото здравје и ненавременото тестирање , што значи дека многумина живеат со недијагностицирани СПИ , и истите се изложени на поголем ризик од ХИВ .
Бихевиоралнo однесување Мажите кои имаат секс со мажи имаат повеќе сексуални партнери , а многу од оваа заедница , не користат кондоми за заштита . Во околу половина од земјите кои неодамна пријавиле податоци , помалку од 60 % од мажите кои имаат секс со мажи изјавиле дека употребиле кондом при нивниот последен анален секс . Овие податоци се доказ за неконзистентна употреба на кондоми кај МСМ популацијата . Како една од причините за ова е немањето кампањи за побезбеден секс . На пример , во САД , процентот на мажи кои пријавиле користење на кондом при последниот анален секс се намалил од 41 % во 2011 година на 35 % во 2014 .
Пристапот до услугите за ХИВ тестирање кај оваа група е различен . Во неколку европски и северноамерикански градови , 90 % од мажите кои имаат секс со мажи се свесни за нивниот ХИВ статус . Додека пак , во Кенија , Малави и во Јужна Африка се открило дека само еден од тројца е свесен за својот ХИВ , а тоа би било помалку од 10 %. Оттука , може да се заклучи дека голем е бројот МСМ кои не се свесни за нивниот ХИВ статус и можеби не се свесни за потребата да преземат заштитни мерки за спречување на пренос на ХИВ на други лица .
Во Велика Британија и Америка , постои растечки тренд кај МСМ популацијата , каде што лица од оваа група се поактивно се впуштаат во групен секс под влијание на психоактивни супстанци , попознат уште и како хемсекс ( chemsex ). Земањето на психоактивни супстанци како метамфетин и метедрон , потпомага во зголемување на времетрањето на сексуалниот чин , кој може да трае од неколку часа , па се до неколку дена со повеќе партнери . Според најновите истражувања , во В . Британија , се проценува дека 3 од 10 геј мажи се вклучиле во хемсекс минатата година . Здравствените работници се особено загрижени за високо ризичните однесувања што ги предизвикуваат овие хемиски супстанци . Недостатокот на физичка инхибиција и свесност често значи дека учесникот во ваков тип на секс е изложен на повеќе партнери без заштита или пак користи заедничка опрема за земање дрога што го зголемува ризикот од пренесување на ХИВ .
Правни фактори Од мај 2016 година , 73 земји сè уште го криминализираат взаемниот сексуален однос помеѓу лица од ист пол , влијаејќи на правата на мажите кои имаат секс со мажи и други членови на ЛГБТИ заедницата . Во 13 земји , вклучувајќи Иран , Судан , Саудиска Арабија , Јемен и делови од Нигерија и Сомалија , хомосексуалноста е казнива со смртна казна . Како резултат на тоа , мажите кои имаат секс со мажи се со помала веројатност да пристапат до услугите за ХИВ поради страв да не се открие нивниот идентитет и нивната сексуална ориентација .
8