S-Work No.69 69 | Page 6

На другиот крај на Скопје , во Маџир маало , и денес постои објектот на познатата кафеана и јавна куќа „ Три вили ”. По иронија на судбината , денес тука се сместени просториите на Народна кујна . Некогаш во првиот дел од зградата постоела фурна , а вториот дел бил кафеана . Еден од најстарите жители на маалото денес ми раскажува дека посетители на јавната куќа , поради близината на Аеродромот , биле главно воени лица . Сопственичка била некоја маркантна , дебела жена , а проститутките биле убави девојки што биле доселени во Скопје .
А каква била атмосферата и клиентелата во скопските јавни куќи меѓу двете војни , извонредно сликовито ни ги опишува Д . Михајловиќ во романот „ Чизмаши ”. Еве еден интересен дел : „ Сe си мислам , превртувам нешто во главата , каде ќе одам , што ќе правам , ајде , си велам , ќе појдам во јавна куќа .
А тогаш во Скопје , близу до Станицата , една мала улица беше преполна со јавни куќи . Преку ден , тие изгледаа како секоја обична кафеана , само што се затворени , и никој не би помислил нешто друго . И девојките дење спијат , па не можеш ниту да ги видиш . А јас сум им постојан муштерија , сите ме знаат , ќе ме пуштат внатре ... Така , со мене седна сопственикот на куплерајот , некој чичко Трпко . Нарачав шприцер и кафе за себе , нарачав нешто и за него . Разговаравме . Тој се жали дека работата во последно време не му оди добро . Мајката , си велам , може ли на проститутките да не ми оди добро ? Дали девојките , велам , сe уште спијат ? Мајчината им , вели тој , спијат . Само спијат и јадат , ништо друго не прават . Пет пари не даваат за гостите . Но сите еден ден ќе ги разбркам . Ќе доведам млади девојки од село , сe уште нерасипани , прсти да си излижеш . Потоа самиот си ги лиже прстите ... Дали ти посакуваш некоја ? За тебе , Жико , сe ќе направам . Кажи која сакаш да ти ја повикам ? Би сакал , велам , да ми ја повикаш горе онаа Роса , ако е будна . Сите тие имаат чудни имиња , доколку имињата им се нивни . А таа Роса беше олкава , бомба женска . И многу добро знаеше да се дупи , со сите марифети . Честопати и бев муштерија . Добро , вели Трпко , оди горе ”.
Мирослав Крлежа вака го опишува „ Јанчев ан ” за време на Балканските војни во романот „ Знамиња ”: „ Најголемата општествената сензација овде среде Чаршијата е една меана , еден ан , еден Јанчев ан ... Да го слушнеш само урнебесот од победоносните извици на гостите кои курвата ја сметаат за говедце ”.
По војната , нелегализираната сексуална работа во Скопје е присутна во ресторанот на хотелот „ Бристол ”, а во седумдесеттите години таа се сели во кафената „ Ново Скопје ” на Бит-пазар .
6