S-Work No.69 69 | Page 5

Сексуалната работа во минатото - Урбана историја на старо Скопје

Сексуалната работа во Скопје била легализирана уште во периодот меѓу двете војни . Таа била сконцентрирана во посебни маала и квартови во градот . Најмногу во поранешното Циган маало , на десната страна од реката Вардар и во Старата чаршија . Јавните куќи имале необични и егзотични имиња : „ Марс ”, „ Венеција ”, „ Три вили ”, „ Фенерли ан ”, „ Океан ”.
Легализацијата значела водење , пред сe , лекарска грижа за дамите на ноќта , но таа нудела и други погодности за да се заштити најстариот занает на светот . Постојат записи и уметнички текстови кои многу автентично ја отсликуваат атмосферата и спецификата на јавните куќи во Скопје , како и други , документарни кажувања , кои се трајни сведоштва .
Најпознати кафеани - јавни куќи во Старата чаршија биле „ Јанчев ан ” и „ Фенерли ан ”. „ Јанчев ан ” се наоѓал на просторот кај денешното плато пред црквата „ Св . Спас ”, и тој објект сега веќе не постои . Иако денес многумина поминуваат покрај „ Фенерли ан ”, не знаат дека тој некогаш бил јавна куќа . Се наоѓа над дуќанот на клучарот Мирко , а пред познатото кафуле „ Наргиле ”. Ова е еден од објектите кои ја чуваат патината на старата архитектура од Чаршијата . Случајно или не , него и денес го краси еден стар фенер . Постојат многу анегдоти и необични ситуации поврзани со јавните куќи во Скопје . Проституките најчесто се криеле зад необични и звучни имиња : мадмоазел Лили , Црна Маца , Фифи , Роса , Лотосов Цвет . И околу Зеленото пазарче имало јавни куќи , а едната од нив го носела името „ Рудник ”. Еден од постарите жители од тој крај ми раскажуваше дека најпопуларна била мадмоазел Лили . Преку лето , таа со голи гради се сончала на прозорецот . А пред прозорецот имало врвулица од луѓе , љубопитници и почитувачи на дамата . Но , не можел секој да влезе во јавната куќа , особено не сиромашните . Еден работник од Монополот смислил итрина - неколку денови во неделата не пушел цигари и јадел црн леб . Заштедата била доволна за една посета кај мадмоазел Лили .
Кај денешната гимназија „ Јосип Броз - Тито ”, некогаш имало две јавни куќи . Едната со име „ Гостивар ”, а другата „ Хајдук Вељко ”. Тамошните жители , тогаш деца или млади момчиња , денес во повозрасни години , се сеќаваат дека за време на војната добивале по еден лев од проститутките , ако им најдат муштерија . Ангажманот бил повремен и случаен , а заработувачката одлична за тогашните кризни времиња .
5