S-Work No.69 69 | Page 3

„ Две од оние “: Арт-акт-ум за моралот и предрасудите

Помина многу време откако пудрата и карминот на „ Две од оние “ некогашни скопски ноќни дами од „ Фенерли-ан “, „ Венеција “, „ Марс “, „ Океан “, „ Бела кафеана “, од „ Бристол “, полека беа избришани од тешката рака на стигмата .
Скопје живеело боемски , велат , се будело со првиот мрак , со миризбата на хашиш , со играта барбут и унте , со забавите и посетите на дамите на ноќта . Скопје било страст , а стариот занает го исполнувал со шарм . Сексуалните работнички пленеле со гламур , а мажите не можеле да одолеат и ги милувале и ги чувале како вистински дами на ноќта . А тие со самодоверба , со сексапил , движење на колковите на музиката што ечела , ги мамеле мажите , кои веднаш по работните часови , оделе да флертуваат со сатенските фустани . Дотерани во смокинзи ги земале дамите од елитните бордели и со пајтоните ги носеле во скопските елитни хотели . Тоа било Скопје , ненадминлива еротика , која ги инспирирала уметниците , поетите , интелектуалците да создаваат дела посветени на „ Две од оние “.
Но , многу вода истече низ Вардар , откако познатиот македонски уметник Никола Мартиноски ги насликал ѕидовите на познатата скопска кафеана „ Океан “ со композиции на голи мажи и жени , како симбол и ода на слободната љубов . Мартиноски сакал да го прикаже ноќниот живот со пијани луѓе , нимфи , кафеански веселби , портрети на дамите на ноќта . Набргу по завршувањето на фреските бил пријавен во полиција поради порнографски слики кои го навредувале јавниот морал . Затоа и се соочил со еден ден казна затвор . Можеби ова е почетокот кога повторно почнува стигмата да владее во однос на дамите на ноќта и тие почнуваат да се соочуваат со морализаторски препреки .
Затоа се поставува прашањето : Кога малото Скопје со велеградски стремежи стана тло удавено во стигма и дискриминација ?
Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди . ( И ) легалниот статус , потешкиот пристап до здравствените услуги , големата изложеност на насилство и етикетирањето доведоа до постепено губење на основните човекови права за сексуалните работници .
Во државава имаме околу 3000 до 5000 сексуални работници кои секојдневно се изложени на насилство , не само од своите клиенти туку и од органите на безбедноста кои би требало да ги заштитат .
3