S-Work No.56 56 | Page 7

Според Карли, во Тичино е многу лесно да се отпочне со сексуалната работа. „Кога се регистрирав како сексуална работничка, купив огласен простор во весник и на веб-сајт на кој се нудат сексуални услуги. Тичин отсекогаш се сметал како седиште на Швајцарската секс индустрија. Заработувачката во Швајцарските квартови на црвените фенери ги привлекува дури и студентите на кои им недостигаат пари за школување. При тоа, тука не доаѓаат само сексуални работници. Во Швајцарските погранични градови пристигаат и голем број италијански клиенти кои најчесто се деловни луѓе и патуваат од Милано и други поголеми италијански градови. Се проценува дека во кантонот Тичино со вкупно 340000 жители, има околу 600 регистрирани сексуалните работници. Како седишта на секс индустријата се ноќните клубови, приватните станови, куќи и центрите за масажа. Уличната проституција е забранета. Локалните власти се обидуваат, преку нови закони, да и стават крај на нерегулираната проституција, со тоа што најстарата професија во светот ќе биде ограничена само на јавни куќи со посебни дозволи, како и станбени области кои имаат одобрување за работа. Но Карли, сепак е оптимист: „Дури и ако законските прописи станат построги, во споредба со мојата земја, Швајцарија ќе остане рај за сексуалните работници. За нас тука е полесно“. 7