S-Work No.56 56 | Page 6

„ Тоа што во Кас е навистина прекрасно ,“ објаснува Карли , „ е специјалното одделение на полицијата која се вика Тезеј и е задолжено за контрола на сексуалните работнички и спречува насилство и злоупотреба врз истите “.
„ Тие го имаат регистрирано мојот број на мобилен и можам во секое време да ги повикам доколку се најдам во опасност . Ја знаат и мојата адреса . Нашите лични информации , полицијата ги проследува до регионалните здравствени служби и сексуалните работници добиват список на лекари кои им нудат бесплатна здравствена контрола . Здравствените контроли не се задолжителни , но редовната посета е добра за зачувување на своето здравје , и секако да им покажетете на своите клиенти дека не сте заразни “.
Карли има регистриран ПДВ и редовно пријавува личен приход : „ Повеќе сакам да плаќам данок , иако е висок , но за возврат добивам совршени услуги и социјално осигурување . Еден ден кога ќе одлучам да се повлечам од оваа работа , ќе имам и пензија . Покрај тоа , од данокот ми се одбиват сите трошоци во врска со работата , повици од мобилен телефон , козметички третман , па дури и услуги за пластична хирургија “.
6