S-Work No.56 56 | Page 2

1-ви мај - Меѓународен ден на трудот: Сексуалната работа е работа како и секоја друга 1-ви мај - Меѓународниот ден на трудот е посветен на зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој ден за првпат се одбележа далечната 1889 година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени. Оттогаш, традиционално, на 1-ви мај секоја година во повеќе земји ширум светот, како и во Република Македонија, се одржуваат протести во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. СТАР-СТАР како здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани работници, се вклучува во борбата за социјална правда и работнички права. СТАР-СТАР има една заедничка цел, а тоа е унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Македонија. Како последица од непризнавањето на сексуалната работа, нерегулирање на законите кои ги таргетираат сексуалните работници во однос на нивните работнички права, како и нееднаквиот третман на сексуалните работници ги поттикнува истите во се поголем број да дадат поддршка во борбата за правата на работниците. Со признавање на оваа работа како и секоја друга ќе се овозможи поголема социјална и правна заштита на сексуалните работници под покровителство на законите за работни односи. 2