OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 99

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 97 2.85 Прашањето дали трошоците за започнување или прекинување на деловното работење треба да се вклучат во утврдувањето на показателот за нето-добивка, зависи од фактите и од околностите на конкретниот случај и од тоа дали во споредливи околности независни претпријатија би се согласиле страната што ги извршува функциите да ги преземе трошоците на започнување со работа и евентуалните трошоци за прекинување на работењето; или дел односно сите овие трошоци да се префактурираат до купувачот или налогодавачот без додавање на маржа; или делумно односно целосно овие трошоци да се префактурираат со одредена маржа, на пример, со нивно вклучување во пресметката на показателот за нетодобивката на страната што ги врши функциите. Да се погледне Поглавје IX, Дел II, Оддел Д, за дискусија околу трошоците на прекинување на деловното работење во контекст на деловното преструктурирање. Б.3.4 Пресметка на показателот на нето-добивката 2.86 Изборот на именителот треба да биде конзистентен со анализата на споредливоста (вклучувајќи ја и функционалната анализа) на контролираната трансакција, а особено треба да ја одрази алокацијата на ризици меѓу страните (под услов наведената алокација на ризици да е