OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 96

94 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ доколку споредливите неконтролирани трансакции се трансакции на независно претпријатие, а притоа соодветно се земени предвид разликите меѓу поврзаните претпријатија и независните претпријатија кои можат да имаат материјален ефект врз показателот за нето-добивка кој се користи. Постои загриженост кај повеќе земји дека заштитните мерки утврдени за традиционалните трансакциски методи можат да бидат занемарени при примената на методот на трансакциска нето-маржа. Кога разликите во карактеристиките на претпријатијата што се споредуваат имаат суштински ефект врз показателите на нето-добивка што се користат, методот на трансакциска нето-маржа може да се применува доколку се извршат приспособувања за тие разлики. Степенот и веродостојноста на тие приспособувања влијаат врз релативната веродостојност на анализата во рамките на методот на трансакциска нето-маржа. Да се погледне дискусијата на тема „приспособувања заради постигнување споредливост“ од параграф 3.47 до 3.54. 2.75 Друг важен аспект на споредливоста е доследноста односно конзистентноста при мерењето. Показателите за нето-добивка мора доследно да се мерат меѓу поврзаното и независното претпријатие. Освен ова, можно е да постојат разлики во однос на третманот кај различни претпријатија на оперативните трошоци и на другите трошоци што влијаат врз нето-добивката, како што се амортизацијата или резервирањата, а што би требало да се земат предвид ако се сака да се оствари веродостојна споредливост. Б.3.2 Избор на показателот за нето-добивка 2.76 Кога се применува методот на трансакциска нето-маржа, при избор на најсоодветниот показател за нето-добивка треба да се следат насоките од параграф 2.2 и 2.8 кои се однесуваат на изборот на најсоодветниот метод зависно од околностите на конкретниот случај. Притоа, треба да се земат предвид предностите и недостатоците на можните показатели; соодветноста на показателот кој се разгледува имајќи ја предвид природата на контролираната трансакција што се утврдува низ финансиска анализа; расположливоста на веродостојни информации (особено на информации за споредливите неконтролирани трансакции) што се потребни за да се примени методот на трансакциска нето-маржа на основа на тој показател; и степенот на споредливост меѓу контролираната и неконтролираната трансакција, вклучувајќи ја и веродостојноста на приспособувањата заради остварување споредливост што можеби ќе бидат потребни за да се елиминираат разликите меѓу нив, кога се применува методот на трансакциска нето-маржа врз основа на тој показател. За овие фактори станува збор во натамошниот текст, во однос на утврдувањето на нето-добивката и пондерирање на истата. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ