OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 95

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 93 искуство (на пример, дали бизнисот се наоѓа во почетна фаза или станува збор за зрел бизнис). Секој од овие фактори може да биде под влијание на бројни други елементи. На пример, нивото на закана од нови претпријатија кои се пробиваат на пазарот се определува од елементи како што се: диференцираноста меѓу производите, капитални барања и државни субвенции и законодавството. Дел од овие елементи можат да влијаат и врз примената на традиционалните трансакциски методи. 2.72 На пример, да претпоставиме дека даночниот обврзник му продава аудио уреди од врвен квалитет на поврзано претпријатие, а единствените информации во врска со добивката што се достапни во однос на споредливите деловни активности се информации за продажба на генерички аудио уреди со среден квалитет. Да претпоставиме дека пазарот за аудио уреди со врвен квалитет бележи раст во делот на продажбата, има висока бариера за влез, мал број конкуренти и нуди широки можности за диференцијација односно разновидност меѓу производите. Можно е сите овие разлики да имаат суштинско влијание врз профитабилноста на анализираните активности и на споредуваните активности, при што во конкретниот случај би се наметнала потреба од приспособување. Како и кај другите методи, веродостојноста на потребните приспособувања влијае врз веродостојноста на анализата. Треба да се напомене дека, дури и ако две претпријатија работат во сосема иста гранка, можно е нивната профитабилност да се разликува зависно од нивниот пазарен удел, конкурентска позиција и слично. 2.73 Може да се тврди дека непрецизности кои настануваат како резултат од претходно спомнатите видови фактори можат да се одразат врз опсегот на принципот „дофат на рака“. Примената на одреден опсег во извесна мера може да го ублажи нивото на непрецизност, но не може да ги опфати ситуациите во кои добивката на даночниот обврзник се зголемува или се намалува поради фактор кој е единствен односно уникатен за тој даночен обврзник. Во таков случај, можно е во опсегот да не бидат вклучени оние износи што ја претставуваат добивката на независни претпријатија, а врз кои одреден уникатен фактор влијае на сличен начин. Затоа, со примената на опсег не може секогаш да се решат претходно спомнатите проблеми. (Да се погледне дискусијата за опсегот во рамките на принципот „дофат на рака“ од параграф 3.55 до 3.66). 2.74 Методот на трансакциска нето-маржа може да по B