OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 93

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 91 даночниот обврзник врши куповни и продажни активности со поврзани претпријатија во рамки на контролираната трансакција. Во таков случај, доколку со методот на трансакциска нето-маржа се утврди дека добивката на даночниот обврзник треба да се приспособи во нагорна насока, можно е да се постои несигурност околу тоа на кое од поврзаните претпријатија треба да му се намали добивката. Б.3 Насоки за примена Б.3.1 Стандард на споредливост што треба да се применува кај методот на трансакциска нето-маржа 2.68 Анализа на споредливоста мора да се спроведе во сите случаи со цел да се избере и да се примени најсоодветниот метод за трансферни цени, а самиот процес на избор и на примена на метод на трансакциска нетомаржа треба да биде подеднакво веродостоен како и кај другите методи. Како прашање на добра практика, при примена на метод на трансакциска нето-маржа треба да се спроведува типичен процес опишан во параграф 3.4 со кој се определуваат споредливи трансакции и се користат добиените податоци, или кој било друг еквивалентен процес кој е осмислен да ја загарантира сеопфатноста на анализата, како и кај било кој друг метод. Во практиката, честопати информациите во врска со факторите што влијаат врз екстерните споредливи трансакции се ограничени. За изведување сигурна процена за исходот по принципот „дофат на рака“ неопходно е да постои флексибилност и добро расудување (да се погледне па