OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 92

90 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ влијание на одредени фактори кои инаку немаат ефект или пак ефектот врз цената или врз бруто-маржата меѓу независните страни е помалку директен. Овие аспекти можат да го отежнат прецизното и веродостојно утврдување на показателите за нето-добивка во согласност со принципот „дофат на рака“. Затоа е важно да се дадат неколку детални насоки околу утврдувањето на споредливоста за потребите на методот на трансакциска нето-добивка, во согласност со параграф 2.68 до 2.75 од натамошниот текст. 2.65 За примената на кој било метод за утврдување на принципот „дофат на рака“ неопходни се информации во врска со неконтролираните трансакции кои можат да бидат недостапни во моментот кога се врши контролираната трансакција. Ова може да создаде проблем за даночните обврзници кои се обидуваат да го применат методот на трансакциска нето-маржа во моментот кога се врши контролираната трансакција (иако овој проблем може да се ублажи низ примена на повеќегодишни