OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 90

88 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ дека методот на трансакциска нето-маржа мора да се применува на начин кој е конзистентен со примената на методот на трговски цени или методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка. Конкретно, показателот за нето-добивката на даночниот обврзник остварена од контролирана трансакција (или трансакции што може да се агрегираат во согласност со принципите од параграф 3.9 до 3.12) во идеални услови се утврдува врз основа на показателот за нето-добивка што истиот даночен обврзник ја остварува во споредливи неконтролирани трансакции т.н. „интерни споредливи податоци“ (да се погледне параграф 3.27 до 3.28). Онаму каде што ова не е можно, како насока може да послужи нето-маржата што во споредлива трансакција би ја остварило независно претпријатие т.н. „екстерни споредливи податоци“ (да се погледне параграф 3.29 до 3.35). Неопходно е да се спроведе функционална анализа на контролираните и неконтролираните трансакции за да може да се утврди дали трансакциите се споредливи и кои приспособувања би биле потребни со цел да се изведат веродостојни резултати. Освен тоа, мора да се исполнат и другите услови во однос на споредливоста, особено условите од параграф 2.68 до 2.75. 2.59 Методот на трансакциска нето-маржа нема да даде веродостојни резултати ако секоја од страните во трансакциите придонесува на начин кој е вреден или уникатен (да се погледне параграф 2.4). Во таков случај, обично најсоодветен метод е методот на поделба на трансакциска добивка (да се погледне параграф 2.109). Меѓутоа, едностран метод (некој од традиционалните трансакциски методи или пак методот на трансакциска нето-маржа) може да се примени во оние случаи каде што само една страна во контролирана трансакција придонесува на вреден или уникатен начин. Во таков случај, онаа страна која е помалку комплексна треба да се тестира. Да се погледне параграф 3.18 до 3.19 за дискусија околу концептот на тестирана страна. 2.60 Постојат бројни случаи во кои едната од страните во трансакцијата придо­не­сува на начин кој не е уникатен – односно користи нематеријално средство како на пример деловни процеси или сознанија за пазарот што не се уникатни. Во такви случаи, можно е да се исполнат предусловите за според­ивост за примена на традиционален трансакциски метод л или на метод на трансакциска нето-маржа, бидејќи се очекува дека и во споредливите трансак­ ии ќе се применува споредлива комбинација од ц придонеси кои не се уникатни. 2.61 Непостоењето вреден или уникатен придонес во конкретна трансакција не укажува автоматски дека методот на трансакциска нетомаржа е најсоодветниот метод. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ