OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 89

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 87 Дел III: Методи на трансакциска добивка A. Вовед 2.56 Во овој Дел се опишани методите на трансакциска добивка што можат да се применат за добивање приближна оцена за условите „дофат на рака“ во случаи кога овие методи се најсоодветни за примена, имајќи ги предвид конкретните околности (да се погледне параграф 2.1 до 2.11). Методите на трансакциска добивка ја анализираат добивката што се остварува од конкретни трансакции меѓу поврзаните претпријатија. Единствените методи кои се базираат на добивка и го задоволуваат критериумот „дофат на рака“ се оние кои се во согласност со член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД и ги следат условите за споредливоста опишани во овие Насоки. „Методи на споредлива добивка“ или „модифицирани методи на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка/методи на трговска цена“ се прифатливи само до степен до кој истите се конзистентни со овие Насоки. 2.57 Со методот на трансакциска добивка се анализира добивката што се остварува од конкретна контролирана трансакција. За потребите на овие Насоки, методи на трансакциска добивка се: методот на поделба на трансакциска добивка и методот на трансакциска нето-маржа. Добивката што настанува од контролирана трансакција може да претставува релевантен показател за тоа дали врз трансакцијата влијаеле и други услови освен оние што би ги воспоставиле независни претпријатија во инаку споредливи околности. Б. Метод на трансакциска нето-маржа Б.1 Општо 2.58 Методот на трансакциска нето-маржа ја анализира нетодобивката во однос на соодветна основа (на пример, трошоци, продажба, средства) што даночниот обврзник ја реализира од конкретна контролирана трансакција (или трансакции што може да се агрегираат во согласност со принципите од параграф 3.9 до 3.12). Методот на трансакциска нето-маржа функционира на начин кој е сличен на начинот на кој функционираат методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка и