OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 86

84 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ соодветни делови од режиските или други трошоци кои ги сноси купувачот (честопати матичното друштво) во корист на добавувачот (честопати зависно друштво). Алокацијата треба да се спроведе врз основа на анализа на извршуваните функции (земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици) од соодветните страни, како што е предвидено во Поглавје I. Поврзан проблем претставува начинот на кој треба да се распределат режиските трошоци, односно дали тие треба да се распределат според прометот, според бројот на вработени или пак трошоци за вработените, или според некој друг критериум. Прашањето за алокација на трошоците е предмет на дискусија и во Поглавје VIII во врска со спогодбите за учество во трошоците. 2.51 Во некои случаи, можно е да постои основа за примена само на варијабилни или на инкрементални (на пример, маргинални) трошоци бидејќи конкретната трансакција претставува промет на маргиналното производство. Ова е оправдано доколку производите не можат да се продадат за повисока цена на релевантниот странски пазар (да се погледне и дискусијата на тема пробив на пазарот од Поглавје I). При тоа треба да се земат предвид информациите за тоа дали даночниот обврзник има други продажби на исти или на `t.