OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 83

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 81 2.43 Примената на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка создава одредени потешкотии, особено при утврдувањето трошоци. Претпријатието мора да ги покрива своите трошоци во одреден временски период за да може да врши деловни активности, но тие трошоци не ја определуваат соодветната добивка во секој можен случај и за која било година. Во бројни случаи, заради остварување поголема конкурентност, друштвата постепено ги намалуваат цените зависно од трошоците на производство или на обезбедување соодветна услуга, меѓутоа, постојат и други околности каде што поврзаноста меѓу нивото на направени трошоци и пазарната цена не се забележува едноставно (на пример, кога е направено вредно откритие, а сопственик при остварувањето на тоа откритие направил само мали трошоци за истражување). 2.44 При примената на методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка, треба да се внимава да се примени споредлива маржа на споредлива трошочна основа. На пример, доколку добавувачот наведен во претходниот пример, при вршењето на своите дејности користи деловен имот под наем можно е трошочната основа да не биде споредлива без да се изврши приспособување доколку добавувачот во контролираната трансакција е сопственик на својот деловен имот. Методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка се потпира врз споредбата меѓу маржата на трошоците што настануваат во рамките на контролирана трансакција и маржата на трошоците што настануваат во рамките на една или на повеќе споредливи неконтролирани трансакции. Притоа, потребно е да се анализираат разликите меѓу контролираната и неконтролираната трансакција кои имаат одреден ефект врз висината на маржата, со цел да се утврди какви приспособувања треба да се извршат врз соодветната маржа што се остварува во рамките на неконтролираните трансакции. 2.45 Особено е важно да се анализираат разликите во нивото и видовите на трошоци - оперативни трошоци и неоперативни трошоци, вклучително и трошоците за финансирање, кои се поврзани со функциите што ги извршуваат и со ризиците што ги преземаат страните или трансакциите што се споредуваат. Земањето предвид на овие разлики може да укаже на следново: а) Доколку трошоците одразуваат одредена функционална разлика (земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици) која не била земена предвид при примената на методот, можеби ќе биде неопходно приспособување на маржата на цената на чинење. б) Доколку трошоците одразуваат дополнителни функции што се разликуваат од активностите кои се проверуваат со методот, можеби ќе треба да се определи посебен надомест за тие функции. На пример, ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ