OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 77

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 75 2.27 Доколку постојат материјални разлики во начините на кои поврза­ите и независните претпријатија ја вршат својата деловна н активност, веро­ ос­ој­­ д т носта на методот на трговски цени може да се намали кога маржата на трговската цена која се користи при споредбата претставува маржа на неза­висно претпријатие во споредлива трансакција. Дел од тие разлики можат да влијаат врз нивото на трошоци (на пример разликите можат да го вклучат и ефектот од ефикасноста на управувањето врз нивото и опфатот на залихите на производи). Овие разлики многу лесно можат да имаат ефект врз профитабилноста на претпријатието, но не секогаш и врз цената за која се продаваат или купуваат производи или услуги на слободен пазар. Овие карак­теристики треба да се анализираат за потребите на примена на методот на трговски цени кога се утврдува дали една неконтролирана трансакција е споредлива. 2.28 Методот на трговски цени зависи и од споредливоста меѓу извршу­аните функции (земајќи ги предвид користените средства в и преземените ризици). Веродостојноста на овој метод може да се намали кога постојат разлики меѓу контролираната и неконтролираната трансакција и меѓу страните во трансакциите односно кога тие разлики имаат материјален ефект врз оние критериуми кои се користат за да се определат условите во согласност со принципот „дофат на рака“, што во овој случај претставува реализирана трговска маржа. Онаму каде што постојат материјални разлики што влијаат врз бруто-маржите остварени во рамките на контролирани и на неконтролирани трансакции (на пример, разлики кај природата на функциите што ги извршуваат страните во трансакциите), треба да се изврши приспособување за да се одразат овие разлики. Степенот и веродостојноста на овие приспособувања во секој конкретен случај ќе влијаат врз релативната веродостојност на анализата според методот на трговски цени. 2.29 Соодветната трговската маржа наједноставно се утврдува онаму каде што препродавачот не додава значителна вредност на производот. Кога стоките се обработуваат или се вградуваат во сложен производ, со што нивниот идентитет се губи или се трансформира (на пример, кога различни компоненти се спојуваат во полупроизвод или готов производ), примената на методот на трговски цени за утврдување на цената „дофат на рака“ може да биде комплексна. Друг пример каде што е неопходно внимание во однос на маржата на трговската цена е кога препродавачот значително придонесува кон создавање или одржување на нематеријално средство кое е поврзано со производот (на пример, заштитени трговски марки или трговски називи) кои се во сопственост на поврзано претпријатие. Во такви случаи, не е едноставно да се вреднува придонесот од првично пренесената стока кон вредноста на крајниот производ. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ