OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 76

74 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ доколку тие производи претставуваат супститути. Бидејќи профитните бруто-маржи претставуваат бруто-надомест, доколку се одбијат трошоците за продажба за конкретни извршени функции (притоа имајќи ги предвид користените сред­тва и преземените ризици), разликите с меѓу производите се од помало значење. На пример, фактите можат да укажуваат на тоа дека дистрибутивна компанија врши исти функции (имајќи ги предвид користените средства и преземените ризици) при продажба на тостери како и при продажба на миксери, при што во пазарна економија би требало да постои слично ниво на надомест за овие две дејности. Меѓутоа, бидејќи потрошувачите сметаат дека тостерите и миксерите не се супститути, не би се очекувало нивните цени да бидат исти. 2.25 Покрај тоа што кај методот на трговски цени дозволени се поголеми разлики меѓу производите, имотот што е предмет на прометот во рамките на контролираната трансакција мора да се спореди со имотот што е предмет на прометот во рамките на неконтролираната трансакција. Поголемите разлики во производите најверојатно ќе се одразат во разлики кај функциите што се вршат од страните во контролираните и во неконтролираните трансакции. Методот на трговски цени може да се примени и при помала споредливост меѓу производите, но сепак поголемата споредливост меѓу производите ќе даде подобри резултати. На пример, кога во трансакцијата е вклучено вредно или уникатно нематеријално средство, сличноста меѓу производите може да биде значајна, при што ќе треба да се посвети особено внимание со цел споредбата да биде соодветна. 2.26 Кога профитната маржа првенствено е поврзана со други услови на споредливост наведени во Поглавје I (на пример извршуваните функции, економските состојби итн.), а само секундарно е поврзана со конкретниот производ кој е предмет на пренос, би било посоодветно поголемо значење да им се даде на другите услови на споредливост. Оваа ситуација постои кога се утврдува профитна маржа за поврзано претпријатие кое не искористило уникатни средства (на пример вредни и уникатни нематеријални средства) за да додаде значителна вредност кон производот кој е предмет на прометот. Кога контролираните и неконтролираните трансакции се споредливи според сите карактеристики, освен во поглед на самиот производ, со методот на трговски цени може поверодостојно да се одредат условите во согласност со принципот „дофат на рака“ одошто со методот на СНЦ, освен доколку не постои можност да се направат разумно прецизни приспособувања за да се одразат разликите во производите што се предмет на прометот. Истото се однесува за методот на цена на чинење зголемена з