OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 72

70 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ Дел II: Традиционални трансакциски методи A. Вовед 2.12 Во овој дел детално се опишуваат традиционалните трансакциски методи што се користат за примена на принципот „дофат на рака“. Методите се: методот на споредлива неконтролирана цена или методот на СНЦ, методот на трговски цени и методот на цена на чинење зголемена за вообичаена заработувачка. Б. Метод на споредлива неконтролирана цена Б.1 Општо 2.13 Со методот на споредлива неконтролирана цена се врши споредба меѓу цената што се наплатува за прометот со стоки или услуги во рамките на една контролирана трансакција, и цената што се наплатува за прометот со стоки или услуги во рамките на споредлива неконтролирана трансакција, во споредливи околности. Доколку постои каква било разлика меѓу двете цени, тоа може да укаже дека условите на трговските и на финансиските односи меѓу поврзаните претпријатија не се во согласност со принципот „дофат на рака“ и дека цената што се применува во рамките на контролираната трансакција можеби треба да се замени со цената која се применува во рамките на неконтролираната трансакција. 2.14 Во согласност со принципите од Поглавје I, неконтролираната трансакција е споредлива со контролираната трансакција (односно, претставува споредлива неконтролирана трансакција) за потребите на методот на СНЦ, доколку е исполнет еден од следниве два услова: а) ниту една разлика (доколку има) меѓу трансакциите што се споредуваат или меѓу претпријатијата што ги спроведуваат овие трансакции, не може суштински да влијае врз цената на слободниот пазар; или, б) можат да се извршат прифатливи разумно прецизни приспособувања за да се елиминираат материјалните ефекти од таквите разлики. Онаму каде што е можно да се лоцираат споредливи неконтролирани трансакции, методот на СНЦ е најнепосредниот и најверодостојниот начин за примена на принципот „дофат на рака“. Оттука, во такви случаи, методот на СНЦ се претпочита како подобра опција во однос на сите други методи. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ