OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 70

68 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ признати од страна на ОЕЦД се посоодветни имајќи ги предвид фактите и околностите на конкретниот случај. Кога се применуваат други методи, изборот на истите треба да биде поткрепен со објаснување на причините поради кои е утврдено дека методите признати од ОЕЦД се помалку соодветни или не можат да се применат и на причината поради која избраниот друг метод нуди подобро решение. Даночниот обврзник треба да води документација и да биде подготвен да ја стави на располагање за да го покаже начинот на кој биле утврдени трансферните цени. За дискусија во врска со документацијата, да се погледне Поглавје V. 2.10 Не е можно да се изведат конкретни правила со кои ќе се опфати секој случај. Даночните инспектори треба да се воздржуваат од спроведување на мали или маргинални приспособувања. Учесниците во трансакцијата треба да настојуваат да постигнат разумно решение, имајќи ги предвид непрецизноста на различните методи и претпочитањето да се постигнат повисоки нивоа на споредливост и подиректна и поблиска релација со трансакцијата. Треба да се избегне ситуација во која полезни информации, како на пример информациите што можат да се изведат од неконтролирани трансакции кои не се идентични со контролираните трансакции, нема да се земаат предвид само затоа што некој ригиден стандард за споредливост не бил исполнет во целост. Слично на ова, податоците од претпријатија што се ангажирани во контролирани трансакции со поврзани претпријатија можат да бидат од полза при разбирањето на трансакцијата што се анализира или да се искористат за натамошни истражувања. Дополнително, треба да се дозволи примената на било кој метод доколку со неговата примена се согласуваат членките на ГМНП ангажирани во трансакцијата врз кои се применува методологијата, како и даночните администрации во јурисдикциите од сите членки на ГМНП. Б. Примена на повеќе од еден метод 2.11 Принципот „дофат на рака“ не налага примена на повеќе од еден метод за конкретна трансакција (или за група трансакции што се соодветно агрегирани во согласност со стандардот од параграф 3.9) и всушност, неоправданото потпирање врз еден таков пристап може да создаде значителен товар за даночните обврзници. Насоките не предвидуваат даночните органи и даночните обврзници да вршат анализи со примена на повеќе од еден метод. Во некои случаи нема да биде едноставно да се избере соодветен метод, при што иницијално можеби ќе се размислува за примена на повеќе од еден метод, но општо е можно е да се избере еден метод од кој ќе може да се изведе најдобра процена на цената во ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ