OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 69

ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ – 67 трансакциски методи не може веродостојно да се примени во рамките на дадените околности, мораат повторно да се разгледаат кога се оценува веродостојноста на методот на трансакциска добивка. 2.6 Методите што се темелат врз остварената добивка можат да се прифатат само доколку истите се во согласност со член 9 од Моделконвенцијата за оданочување на ОЕЦД, особено во однос на споредливоста. Ова се постигнува така што методите се применуваат на начин што дава приближни резултати за цените кои се во согласност со принципот „дофат на рака“. Примената на принципот „дофат на рака“ генерално се темели врз споредба на цената, маржата или добивката остварени од конкретни контролирани трансакции со цената, маржата или добивката остварени во рамките на споредливи трансакции меѓу независни претпријатија. Во случај кога станува збор за метод за поделба на трансакциската добивка, неговата примена се темели врз добивање на приближна поделба на добивката што едно независно претпријатие би очекувало да ја оствари од своето ангажирање во трансакцијата односно трансакциите (да се погледне параграф 2.108). 2.7 Примената на методите на трансакциска добивка во ниту еден случај не треба да резултира со прекумерно оданочување на претпријатијата само поради тоа што остваруваат подпросечни добивки, или со недоволно оданочување на претпријатијата што остваруваат добивка поголема од просечната. Во рамките на принципот „дофат на рака“, не постои оправдување да се наметне дополнително оданочување врз оние претпријатија кои се помалку успешни од просечното ниво или пак недоволно да се оданочат претпријатијата кои се поуспешни, во услови кога нивната успешност или неуспешност може да се припише на комерцијални фактори. 2.8 Во параграф 2.2 се наведува дека изборот на методот за проверка на трансферни цени секогаш има за цел да се изнајде најсоодветниот метод за секој конкретен случај, но тоа не значи дека сите методи за трансферни цени мораат детално да се анализираат во секој случај одделно или да се тестираат со цел да се избере најсоодветниот метод. Како прашање на добра практика, изборот на најсоодветниот метод и споредливи податоци треба да биде поткрепен со соодветни податоци и може да претставува дел од типичен процес на пребарување, како што е наведено во параграф 3.4. 2.9 ГМНП ја задржуваат слободата да применат методи што не се опишани во овие Насоки (во натамошниот текст, „други методи“) за определување на цени, но под услов тие цени да бидат во согласност со принципот „дофат на рака“, како што е предвидено во овие Насоки. Меѓутоа, другите методи не треба да се применуваат како замена за методите признати од страна на ОЕЦД во случаите кога методите ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ