OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 68

66 – ПОГЛАВЈЕ II: МЕТОДИ ЗА УТВРДУВАЊЕ НАТРАНСФЕРНИТЕ ЦЕНИ пак, е неопходно да се докажува дека одреден метод не е соодветен во конкретните околности. 2.3 Се смета дека традиционалните трансакциски методи овозмо­ жу­ аат на најнепосреден начин да се утврди дали условите во рамките в на трговските и на финансиските односи меѓу поврзаните страни се во согласност со принципот „дофат на рака“. Причината за разлика помеѓу цената во една контролирана трансакција и цената во споредлива неконтролирана трансакција, најчесто може да биде резултат на трговските и финансиските односи што се утврдени или наметнати помеѓу претпријатијата, додека условите во согласност со принципот „дофат на рака“ можат да се востановат така што ќе се направи директна замена на цената во споредливата неконтролирана трансакција со цената во контролираната трансакција. Имајќи ги предвид критериумите од параграф 2.2, доколку одреден традиционален трансакциски метод и одреден метод на трансакциска добивка можат да се применат со подеднаква веродостојност, традиционалниот трансакциски метод се претпочита пред методот на трансакциска добивка. Дополнително, имајќи ги предвид критериумите од параграф 2.2, доколку методот на споредлива неконтролирана цена (СНЦ) и некој друг метод за трансферните цени можат да се применат со подеднаква веродостојност, предност му се дава на методот на СНЦ. За дискусија во врска со методот на СНЦ, да се погледне параграф 2.13 до 2.20. 2.4 Во одредени ситуации може да се заклучи дека методите на трансак­ иска добивка се посоодветни од традиционалните трансак­ ц циски методи. На пример, во случаите каде што секоја од страните во трансакцијата придонесува на начин кој е вреден или уникатен во однос на контролираната трансакција или активностите кои ги спроведуваат страните се високо интегрирани, примената на методот за поделба на трансакциска добивка се смета за посоодветна одошто примената на едностран метод. Во ситуации каде што нема јавно достапни и веродостојни информации за бруто-маржите на трети лица или пак пристапот до информациите е ограничен, може да биде тешко да се применат традиционалните трансакциски методи, освен доколку не постојат интерни споредливи податоци. В /