OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 65

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 63 ГМНП. Алтернативен пристап кој може да биде достапен во некои земји е временски да се одложат приходот и релевантните расходи на даночниот обврзник. Со други зборови, на страната на која и` се должи оваа блокирана исплата, не би ù било дозволено да одбива трошоци, како на пример трошоци на дополнително финансирање, сè додека не се реализира блокираната исплата. Во оваа ситуација, за даночната администрација од интерес би била соодветната даночна основица. Ако поврзаното претпријатие бара намалување на својата даночна основица врз основа на блокирано побарување, треба да постои коресподентен приход за другата страна. Во секој случај, на даночниот обврзник не треба да му се дозволи блокираните исплати што му ги должи поврзано претпријатие да ги третира различно од блокираните исплати што му ги должи независно претпријатие. Г.5 Примена на царинските процени 1.78 Принципот „дофат на рака“ го применуваат бројни царински управи како принцип за споредба на вредноста што може да се припише на стоките увезувани од страна на поврзаните претпријатија, а врз ко