OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 64

62 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ наплатило на друго во аранжман во согласност со принципот „дофат на рака“. На пример, контролата врз девизното работење може да спречи едно поврзано претпријатие да изврши пренос на средствата за каматни плаќања во странство врз основа на заем што го издало некое друго поврзано претпријатие што е лоцирано во друга држава. Двете држави можат оваа околност да ја третираат на различен начин односно државата на заемопримателот може да го смета или да не го смета за платен износот врз основа на камата чиј пренос не бил извршен, а државата на заемодавателот може да смета или да не смета дека заемодавателот го примил износот врз основа на камата. Како општо правило, кога државната интервенција подеднакво се приме