OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 62

60 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ такви услови. Наспроти ова, поврзаното претпријатие кое бележи загуби може и натаму да работи доколку истото носи поволности за ГМНП како целина. 1.71 Фактот што претпријатието остварува загуба од работењето со другите профитабилни претпријатија - членки на неговата ГМНП, може да навести дека е потребно да се спроведе анализа на трансферните цени од страна на даночниот обврзник или даночната администрација. Можно е претпријатието кое бележи загуби да не остварува соодветен надомест од ГМНП во однос на поволностите што се остваруваат од неговото работење. На пример, можеби ГМНП ќе мора да создаде целокупен опсег на производи и/или на услуги со цел да остане конкурентна и да оствари добивка, но можно е притоа дел од поединечните линии на производи редовно да губат приходи. Можно е една од членките на ГМНП постојано да бележи загуби бидејќи ги создава производите што генерираат загуби, додека другите членки од таа иста група создаваат производи од кои се остварува добивка. Независно претпријатие би вршело таква услуга само доколку за тоа би остварило соодветен надомест. Еден начин на кој може да му се пријде на овој проблем со трансферните цени би бил да се смета дека претпријатието кое бележи загуби остварува ист вид надомест за услуга што би го добило независно претпријатие во согласност со принципот „дофат на рака“. 1.72 При анализата на загубите треба да се има предвид дека заради одредени историски, економски и културолошки причини, деловните стратегии можат да се разликуваат од една до друга ГМНП. Доколку деловната стратегија предвидува утврдување на ниски цени со цел да се оствари пробив на пазарот, во одреден разумен временски период остварувањето на загуби може да се смета за оправдано. На пример, производителот може да ги намали цените на своите производи, дури и до степен до кој извесно време ќе бележи загуби, сè со цел да се пробие на нови пазари, да го зголеми своето учество на постојниот пазар, да воведе нови производи или услуги, или да ги дестимулира можните конкуренти. Сепак, особено ниските цени треба да се очекуваат само во текот на ограничен временски период, каде што конкретна цел претставува подолгорочното зголемување на нивото на остварена добивка. Доколку со таквата ценовна стратегија се продолжи и подолго од одреден разумен временски период, можеби ќе биде соодветно да се примени приспособување на трансферните цени, особено онаму каде што споредливите податоци за повеќе години покажуваат дека загубите биле направени во временски период подолг од периодот што би бил прифатлив за споредливите независни претпријатија. Освен тоа, даночните администрации не треба да ги прифаќаат ниските цени (на пример, цени во висина на маргиналниот трошок во ситуација на нецелосно искористени производствени капацитети) како цени во ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ