OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 61

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 59 и алтернативата, како и квалитетот на сите други податоци кои евентуално стојат на располагање. 1.69 Разликата меѓу преструктурирањето на контролираната трансакција што се анализира и што генерално е несоодветна и при­ ме­ата на алтернативно структурираните трансакции како според­ н ливи неконтролирани трансакции, може да се согледа од следниов пример. Да претпоставиме дека производителот му продава производи на контролиран дистрибутер кој се наоѓа во друга земја, а притоа дистрибутерот ги прифаќа сите ризици поврзани со промени во валутниот курс како дел од тие трансакции. Дополнително, да претпоставиме дека слични трансакции меѓу независни производители и дистрибутери различно се структурирани, во смисла дека ризикот поврзан со промените во валутниот курс е врз производителот, а не врз дистрибутерот. Во таков случај, даночната администрација не треба да го игнорира декларираното распоредување на ризиците од страна на контролираниот даночен обврзник, освен доколку нема причина да се сомнева во економската суштина на преземањето на ризикот поврзан со промените во валутниот курс од страна на контролираниот дистрибутер. Фактот дека независните претпријатија не ги структурираат своите трансакции на конкретен начин, може да биде причина подетално да се анализира економската логика на конкретната структура, но не би претставувал пресуден факт. Сепак, неконтролираните трансакции, чиј дел е и различно структурираната распределба на ризикот поврзан со промени во валутниот курс, можат да бидат од полза при одредувањето на цените во рамките на контролираната трансакција, можеби со примена на методот на споредливи неконтролирани цени, под услов врз нивните цени да можат да се извршат доволно разумно прецизни приспособувања со цел да се одрази разликата во структурата на трансакциите. Г.3 Загуби 1.70 Загубата која поврзаното претпријатија ја остварува, додека истовремено ГМНП како целина е профитабилна, може да претставува основа за детална анализа од аспект на трансферните цени. Поврзаните претпријатија, како и независните претпријатија, можат да претрпат вистински загуби, на пример, поради големите трошоци за започнување со деловни активности, неповолни економски состојби, неефикасно работење или поради други деловни причини. Но, независнот