OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 59

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 57 Г.2 Земање предвид на фактички реализираните трансакции 1.64 Проверката на контролирана трансакција од страна на даночната администрација треба да се спроведе имајќи ја предвид трансакцијата што фактички ја реализирале поврзаните претпријатија, на начин како што тие ја структурирале, со примена на методите што ги применува и даночниот обврзник, доколку истите се конзистентни со методите опишани во Поглавје II. Даночната администрација не треба да не ги земе предвид фактичките трансакции или да ги заменува со други трансакции, освен доколку не станува збор за исклучителни случаи. Преструктурирање на деловни трансакции кои се спроведени во согласност со законот би претставувало произволна постапка која би можела да доведе до двојното оданочување во случаи кога другата даночна администрација има различен став за начинот на кој би требало да се структурира трансакцијата. 1.65 Сепак, постојат две конкретни околности во кои, како исклучок, даночната администрација може да не ја земе предвид структурата што ја усвоил даночниот обврзник кога се впуштил во контролираната трансакција. Првата околност настанува кога економската суштина на трансакцијата се разликува од формата на таа трансакција. Во таков случај, даночната администрација може да го игнорира карактерот на трансакцијата и истата повторно да ја окарактеризира во согласност со нејзината суштина