OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 58

56 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ на својот поврзан дистрибутер му наплатува цена под пазарното ниво, заштедите во трошоците на дистрибутерот може да се одразат во цената што се наплатува од клиентите на тој дистрибутер или во поголемите расходи за пробив на пазарот што ги бележи дистрибутерот. Стратегијата за пробив на пазарот на ГМНП може да се спроведе од страна на производителот или на дистрибутерот кој дејствува одделно од производителот (при што секој од нив одделно ќе ги поднесе настанатите трошоци). Дополнително, невообичаено интензивните активности за маркетинг и за рекламирање често се придружен дел од стратегијата за пробивање на одреден пазар или за зголемување на пазарното учество. Друг фактор што треба да се земе предвид е дали природата на односите меѓу страните во една контролирана трансакција е конзистентна со тоа даночниот обврзник да ги преземе трошоците на деловната стратегија. На пример, кај трансакциите „дофат на рака“, друштвото кое дејствува исклучиво како трговски застапник, со ниско ниво на одговорност или без никаква одговор