OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 56

54 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ пазарите и релативните конкурентски позиции на купувачите и на продавачите; расположливоста (а со тоа и ризикот) на супститутите за стоките и услугите; нивоата на понуда и на побарувачка на пазарот како целина и во одделни региони, доколку тоа е релевантно; куповната моќ на потрошувачите; природата и степенот на државната регулација на пазарот; трошоците за производство, вклучувајќи ги тука трошоците за земјиште, работна сила и капитал; транспортните трошоци; нивото на пазарот (на пример, малопродажба или големопродажба); датумот и времето на трансакциите; и така натаму. Фактите и околностите од секој конкретен случај определуваат дали разликите во економските состојби ќе имаат суштествен ефект врз цената и дали, можат да се спроведат разумно прецизни приспособувања за да се елиминираат ефектите од ваквите разлики, (да се погледне параграф 1.38). 1.56 Постоењето на циклус (економски, деловен или производен циклус) е една од економските состојби што можат да имаат ефект врз споредливоста. Да се погледне параграф 3.77 во врска со примената на повеќегодишни податоци онаму каде што постојат циклуси. 1.57 Географскиот пазар е уште една економска состојба што може да има свој ефект врз споредливоста. Идентификувањето на релевантниот пазар е прашање што се темели врз факти. За одреден број гранки, големите регионални пазари кои ги сочинуваат повеќе земји може да се покажат како разумно хомогени, додека за другите, разликите меѓу домашните пазари (па дури и разликите во рамките на домашните пазари) се многу значајни. 1.58 Во оние случаи каде што ГМНП врши слични контролирани трансак­ции во повеќе земји и каде што економските состојби во тие земји во суштина се разумно хомогени, за таа ГНМП можеби е најсоодветно да се потпре на анализа на споредливост на ниво на повеќе земји како поткрепа за својата политика на примена на трансферни цени во однос на тие земји. Меѓутоа, постојат и бројни ситуации во кои ГМНП нуди значително различна палета на производи или услуги во секоја земја,и/или во секоја од тие земји врши значително различни функции (користејќи значително различни средства и преземајќи значително различни ризици), и/или кога ќе се заклучи дека деловните стратегии и/ или економските состојби значително се разликуваат. Во такви ситуации, примената на пристапот со кој се врши анализа на ниво на повеќе земји може да ја намали веродостојноста. Г.1.2.5 Деловни стратегии 1.59 Деловните стратегии, исто така, мора да бидат предмет на анализа кога се утврдува споредливоста за потребите на примената на трансферни ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ