OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 55

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 53 од нивното однесување и од економските принципи што обично ги регулираат релациите меѓу независни претпријатија. 1.53 Кај трансакциите меѓу независни претпријатија, различноста на интересите меѓу страните гарантира дека тие најчесто ќе настојуваат другата страна да се придржува кон условите од договорот и дека договорните услови ќе бидат генерално игнорирани или изменети по одреден настан само доколку тоа е во интерес на обете страни. Можно е различност на интересите да не постои во случај кога станува збор за поврзани претпријатија, па затоа е битно да се испита дали постапувањето на страните е во согласност со условите од договорот или пак договорните услови не биле почитувани или се изиграни. Во такви случаи, неопходна е дополнителна анализа за да се утврди кои се вистинските услови на трансакцијата. 1.54 Во практиката, можно е информациите во врска со договорните услови од потенцијално споредливите неконтролирани трансакции да се ограничени или недостапни, особено во случаи кога основа на анализата претставуваат екстерни трансакции/претпријатија. Ефектот што недостатокот на информации ќе го има за утврдувањето на споредливоста се разликува зависно од видот на трансакцијата што се анализира и од тоа кој метод за трансферните цени се применува (да се погледне параграф 1.38). На пример, доколку контролираната трансакција претставува договор за лиценца за користење на права врз основа на интелектуална сопственост, и доколку се примени методот на споредливи неконтролирани цени, може да се претпостави дека информациите во врска со главните договорни услови за слободните лиценци, како на пример времетраењето на лиценцата, географската област, ексклузивноста и слично, се клучни за тоа да се оцени дали таквите неконтролирани лиценци претставуваат веродостојна споредлива основа за контролираната трансакција. Г.1.2.4 Економски состојби 1.55 Цените во согласност со принципот „дофат на рака“ можат да се разликуваат кај различни пазари, дури и ако станува збор за трансакции кои вклучуваат исти стоки или услуги; со цел да се оствари споредливост, неопходно е на пазарите на кои делуваат независните и поврзаните претпријатија, да не постојат разлики што имаат суштествен ефект врз цената или да можат да бидат направени соодветни приспособувања. Како прв чекор, важно е да се идентификува релевантниот пазар или пазари, земајќи ги притоа предвид расположливите супститути за стоките или услугите. Во економските состојби што можат да бидат релевантни за утврдување на споредливост на пазарот спаѓаат: географската локација; големината на пазарите; степенот на конкуренција што постои на ОЕЦД НАСОКИ ЗА B