OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 54

52 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ ризикот со општиот деловен циклус, врз кои најчесто ниту една страна не поседува позначителна контрола и кои во согласност со принципот „дофат на рака“ би можеле да се распоредат до едната или до другата страна во трансакцијата. Неопходна е анализа за да се утврди степенот до кој е извршена распределба на ризикот помеѓу страните во практиката. 1.50 Кога се оценува степенот до кој дадена страна во трансакцијата го носи ризикот поврзан со промената на курсот и/или ризикот поврзан со промената на каматните стапки, неопходно е да се утврди дали даночниот обврзник и/или ГМНП поседува активна деловна стратегија со која ваквите ризици ќе се сведат на минимум или за управување со истите. Во тој контекст, вообичаена појава се хеџинг-аранжмани, форварди, путопции и кол-опции, во стандардна форма како и креирани за посебна намена. Членките на ГМНП можат да користат и хеџинг-аранжмани со други поврзани претпријатија, особено во финансискиот сектор. Доколку страната која носи значителен пазарен ризик одбие својата изложеност на ризици да ја намали со хеџинг-аранжман, тоа може да претставува одраз на нејзината одлука да го преземе ризикот или на одлуката за преземање на тој ризик од страна на друго претпријатие во рамките на ГМНП. Доколку овие или други стратегии во однос на ограничување на ризиците низ хеџинг-аранжмани или на други начини не бидат земени предвид при анализата на трансферните цени, можат да доведат до погрешно утврдување на добивката во конкретна јурисдикција. 1.51 Во одредени случаи, на недоволната прецизност во однос на можните надворешни споредливи трансакции/претпријатија (како што се дефинирани во параграф 3.24) при функционалната анализа може да и се парира со големината на примерокот од кој се добиваат податоци за трети страни; меѓутоа, кога станува збор за спроведување доволно веродостојна анализа, квантитетот не претставува надомест за слабиот квалитет на податоците. Да се погледнат параграфите 3.2, 3.38 и 3.46. Г.1.2.3 Договорни услови 1.52 Кај трансакциите „дофат на рака