OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 53

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 51 пример, ризиците предизвикани од променливоста на девизниот курс и на каматните стапки; кредитните ризици; и така натаму. 1.47 Извршуваните функции (при што предвид се земаат користените средства и преземените ризици) до извесен степен ја определуваат алокацијата на ризици меѓу страните, а со тоа и условите што секоја страна би ги очекувала во случај на трансакции во согласност со принципот „дофат на рака“. На пример, кога дистрибутерот презема одговорност за маркетинг и за рекламирање така што ризикува сопствени ресурси во овие активности, неговата очекувана заработка би била сразмерно поголема а условите на трансакциите би се разликувале отколку кога тој дистрибутер би дејствувал само како застапник кому му се надоместуваат трошоците и кој остварува добивка соодветна со таа активност. Слично на тоа, договорен производител или договорен вршител на истражувања, кој не презема некој позначаен ризик обично би очекувал само ограничена заработка. 1.48 Во контекст на дискусијата од натамошниот текст во врска со договорните услови, може да се анализира дали прикажаната распределба на ризикот е конзистентна со економската суштина на трансакцијата. Во оваа смисла, постапувањето на страните би требало да се зема како најдобар доказ за вистинската распределба на ризикот. На пример, доколку производителот продава имот на поврзан дистрибутер во друга земја, а договорните одредби на даночниот обврзник покажуваат дека дистрибутерот врз себе ги презема сите ризици поврзани со курсот во однос на контролираната трансакција, ме FOFF B