OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 52

50 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ одговорности, користените средства и преземените ризици од страните во трансакциите. За таа цел, може да е полезно да се разбере структурата и организацијата на групата, како и начинот на кој тие влијаат врз контекстот во кој дејствува даночниот обврзник. Релевантно е и да се утврдат законските права и обврски што даночниот обврзник ги има во вршењето на своите функции. 1.43 Во функциите што даночните обврзници и даночните адми­ нистрации евентуално би требало да ги определат и да ги споредат, спаѓаат, на пример: проектирање, производство, составување, истражување и развој, сервисирање, набавка, дистрибуција, маркетинг, рекламирање, транспорт, финансирање и управување. Треба да се утврди кои се главните функции што ги извршува страната која е предмет на анализа. Треба да се извршат приспособувања во однос на сите суштински разлики во однос на функциите што ги извршуваат независните претпријатија со кои таа страна се споредува. Иако е можно една