OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 50

48 – ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ Г.1.2 Фактори што ја определуваат споредливоста 1.38 Во параграф 1.36 се спомнуваат пет фактори што можат да бидат значајни кога се определува споредливоста. Како дел од споредувањето, анализата на петте фактори на споредливост по својата природа е двострана односно вклучува анализа на факторите кои влијаат врз контролираните трансакции на даночниот обврзник и анализа на факторите кои влијаат врз неконтролираните трансакции. Природата на контролираната трансакција, како и усвоениот метод за трансферните цени (да се погледне Поглавје II за дискусија околу методите за проверка на трансферните цени), треба да се земат предвид кога се оценува релативното значење на секоја информација што недостасува а се однесува на можните предмети на споредба, што може да варира од еден до друг случај. Информациите за карактеристиките на производите можат да бидат позначајни доколку се применува методот на споредлива неконтролирана цена отколку методот на трансакциска добивка. Доколку може разумно да се претпостави дека е малку веројатно разликата што не е соодветно земена предвид да има суштествен ефект врз споредливоста, не треба да се отфрла можноста дека предметната неконтролирана трансакција е потенцијално споредлива, и покрај тоа што недостасуваат одредени информации. Г.1.2.1 Карактеристики на имотот или на услугите 1.39 Разликите во конкретните карактеристики на имотот или на услугите често се причина, макар и делумна, за разликите во нивната вредност на слободниот пазар. Поради тоа, споредбите на овие особености можат да се покажат како полезни при утврдување на споредливоста на контролираните и на неконтролираните трансакции. Значајни карактеристики кои можат да бидат земени предвид се: во случај на промет на материјален имот, физичките особености на имотот, неговиот квалитет и сигурност, како и достапноста и обемот на понудата; во случај на обезбедување услуги, природата и степенот на услугите; а, во случај на нематеријален имот, формата на трансакцијата (на пример, лиценцирање или продажба), видот на имотот (на пример, патент, заштитен трговски знак или стручни знаења односно know-how), времетраењето и степенот на заштитата и очекуваните користи од употребата на имотот. 1.40 Зависно од методот за трансферни цени, на овој фактор мора да му се даде поголема или помала тежина. Од методите опишани во Поглавје II од овие Насоки, барањето за споредливост на имотот или на услугите е најстрого во случај на методот на споредлива неконтролирана цена. Според овој метод, секоја суштинска разлика во карактеристиките на имотот или на услугите може да има одреден ефект врз цената и може да наметне ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ