OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 49

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 47 независни претпријатија, со што се добива процена за плаќањето што таа страна би го побарала, а другата страна би била подготвена да го изврши, во согласност со принципот „дофат на рака“ при вршењето на тие функции. Другите методи, како што станува збор во Поглавје II, Дел III, се темелат врз споредби на показателите за нето-добивка (како на пример, профитните маржи) меѓу независните и поврзаните претпријатија како начин да се оцени добивката што едно или секое од поврзаните претпријатија можело да ја оствари доколку работело исклучиво со независни претпријатија, па со тоа и плаќањата што тие претпријатија би ги побарувале во согласност со принципот „дофат на рака“ како надомест за користењето на сопствените ресурси во контролираната трансакција. Онаму каде што постојат разлики меѓу ситуациите што се споредуваат и кои суштествено би можеле да ја засегнат споредбата, мора да се извршат приспособувања заради остварување споредливост, онаму каде што тоа е можно, за да се подобри веродостојноста на самата споредба. Затоа, во ниту еден случај, просечната стапка на принос во рамките на одредена гранка, која не е усогласена на соодветен начин, не може да се користи како основа за утврдување на условите „дофат на рака“. 1.36 Како што беше претходно спомнато, при вршењето на овие споредби, предвид треба да се земат суштинските разлики меѓу споредуваните трансакции или претпријатија. За да се утврди степенот на фактичка споредливост за потоа да се извршат соодветни приспособувања за да се утврдат условите „дофат на рака“ (или соодветниот нивен опсег), нужно е да се изврши споредба меѓу атрибутите на трансакциите или на претпријатија што би влијаеле врз условите на трансакциите во согласност со принципот „дофат на рака“. Во атрибутите односно „факторите на споредливост“ кои можат да имаат значење при утврдувањето на споредливоста, спаѓаат карактеристиките на имотот или на услугите што се предмет на прометот, функциите што ги вршат страните во трансакцијата (земајќи ги предвид користените средства и преземените ризици), договорните услови, економските околности на страните и деловните стратегии, според кои страните настојуваат да работат. Овие фактори на споредливост се предмет на подетална дискусија во Дел Г.1.2 од натамошниот текст. 1.37 Степенот до кој секој од овие фактори одделно е битен при утврдувањето на споредливоста, зависи од природата на контролираната трансакција и од усвоениот метод за трансферни цени. За дискусија околу релевантноста на овие фактори за примената на конкретни методи за формирање на цените, да се поглед B