OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 47

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 45 прописи во делот на трговијата и на сметководството и натаму би ја налагале примената на цени во согласност со принципот „дофат на рака“ (на пример, царинските прописи) со цел, без оглед на даночните одредби, даночниот обврзник да мора соодветно книговодствено да ја евидентира секоја трансакција по цени во согласност со принципот „дофат на рака“. В.3 Отфрлање на методите кои не се во согласност со принципот „дофат на рака“ 1.32 Од причини наведени во претходниот текст, земјите-членки на ОЕЦД ја повторуваат својата поддршка за консензусот за примена на принципот „дофат на рака“ што настана со текот на годините меѓу земјитечленки на ОЕЦД и земјите кои не се членки на ОЕЦД, и се согласуваат дека треба да се отфрли теоретската алтернатива на принципот „дофат на рака“, што ја претставува пристапот на глобално распоредување на добивката по формула. Г. Упатства за примена на принципот „дофат на рака“ Г.1 Анализа на споредливоста Г.1.1 Значајност на анализата на споредливоста и значење на поимот