OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 441

ОЕЦД Насоки за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации ОЕЦД Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации содржат упатства за примена на „принципот ’дофат на рака’’, што претставува консензус во меѓународни рамки во врска со трансферните цени односно во врска со утврдувањето на вредноста, за потребите на оданочување, на прекуграничните трансакции меѓу поврзани претпријатија. Во една глобална економија, каде што МНП имаат истакната улога, трансферните цени се наоѓаат високо на агендата, како на даночните администрации, така и на даночните обврзници. Владите треба да гарантираат дека добивката на МНП што подлежи на оданочување нема вештачки да се пренасочи надвор од нивните јурисдикции и дека даночната основа што ја пријавуваат МНП во нивните земји ја одразува економската активност што се презема во земјите. За даночните обврзници, од суштествено значење е да се ограничат ризиците од економско двојно оданочување, што може да настане како резултат од одреден спор меѓу две земји во врска со утврдувањето на надоместот „дофат на рака“ за нивните прекугранични трансакции со поврзаните претпријатија. ОЕЦД Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночни администрации во својата првична верзија беа одобрени од страна на Советот на ОЕЦД во 1995 година. Ограничено ажурирање кон текстот е спроведено во 2009 година, првенствено со цел да се одрази усвојувањето, во ажурирањето од 2008 година на Модел-конвенцијата за оданочување, на нов став 5 од член 25 во врска со арбитражата, како и на измените во Коментарот кон член 25 во врска со постапките за заемно договарање при решавањето прекугранични даночни спорови. Во изданието од 2010 година, текстот на Поглавје I до III беше значително ревидиран, со нови упатства во врска со изборот на најсоодветен метод за проверка на трансферни цени зависно од конкретните околности, практичната примена на методите на трансакциска добивка (методот на трансакциска нето-маржа и методот за поделба на добивката) и со спроведувањето анализи на споредливоста. Беше додадено и ново Поглавје IX, во врска со аспектите на деловните преструктурирања во доменот на трансферните цени. Измени заради остварување доследност беа спроведени во целиот текст од Насоките на ОЕЦД за примена на правилата во врска со трансферни цени. Изворна верзија на оваа книга е објавена под наслов OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations 2010 (ISBN 9789264090330), © 2010, Organization for Economic Co-operation and Development (OECD), Paris. Овој превод е објавен во согласност со договор со OECD. Тој не претставува официјален превод. www.oecdbookshop.org - OECD online bookshop www.oecd-ilibrary.org - OECD e-library www.oecd.org/oecddirect - OECD title alerting service ISBN 978-9989-57-984-4 Финансиска и техничка поддршка овозможена од: www.oecd.org/publishing www.oecd.org