OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 439

ПРИЛОГ: ПРЕПОРАКА НА СОВЕТОТ [C(95)126/Final] – 437 за потребите на утврдување приход што подлежи на оданочување, да ги следат насоките содржани во Извештајот од 1995 година, заедно со сите негови измени и дополнувања - а во врска со интегритетот на Извештајот и со интеракцијата меѓу различни поглавја - за изведување цени „дофат на рака“ за трансакциите меѓу поврзани претпријатија; I.2. Даночните администрации да ги поттикнуваат даночните обврзници да ги следат насоките содржани во Извештајот од 1995 година заедно со дополнувањата кон истиот и Извештајот од 1995 година, по потреба, да го преведат на својот национален јазик односно национални јазици; I.3. Да развиваат натамошна соработка меѓу нивните даночни администрации, врз билатерална или врз мултилатерална основа, во врска со прашањата од областа на трансферните цени. II. ГИ ПОВИКУВА владите на земјите-членки: II.1. Да го известуваат Комитетот за фискални прашања околу сите измени кон текстот на сите закони или прописи што се релевантни за утврдувањето трансферни цени или околу воведувањето нови закони или прописи. III. ГО УПАТУВА Комитетот за фискални прашања: III.1. Да продолжи со својата работа во врска со прашањата значајни за трансферните цени и да издава дополнувања кон насоките содржани во Извештајот од 1995 година заедно со измените кон истиот; III.2. Да ја следи реализацијата на Извештајот од 1995 година заедно со измените кон истиот, во соработка со даночните органи на земјитечленки и со учество од деловната заедница, и да му препорача на Советот да го дополни и ажурира, по потреба, Извештајот од 1995 година заедно со измените кон истиот, а во контекст на ова мониторинг; III.3. Периодично да доставува извештаи до Советот во врска со резултатите од својата работа за овие прашања, заедно со сите релевантни предлози за подобрување на соработката во меѓународни рамки; III.4. Да го развива својот дијалог со земјите кои не се земји-членки на ОЕЦД, во доследност со политиката на Организацијата, а со цел да им помогне на овие земји да се запознаат со содржината на Извештајот од 1995 година заедно со измените кон истиот и, по потреба, да ги поттикнува овие земји да го прифатат и да почнат да го спроведуваат Извештајот од 1995 година заедно со измените кон истиот. IV. ОДЛУЧУВА да ја стави вон правна сила Препораката во врска со утврдувањето трансферни цени меѓу поврзани претпријатија, издадена на 29 мај 1979 година [C(79)83(Final)]. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ