OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 438

436 – ПРИЛОГ: ПРЕПОРАКА НА СОВЕТОТ [C(95)126/Final] на Комитетот за фискални прашања и инкорпориран во Анексите; со Извештајот во врска со насоките за спроведување ПЦС ПЗД, усвоен на 30 јуни 1999 година од страна на Комитетот за фискални прашања [DAFFE/ CFA(99)31] и инкорпориран во Анексите; со Извештајот во врска со аспектите на деловните преструктурирања во доменот на трансферни цени, усвоен од страна на Комитетот за фискални прашања на 22 јуни 2010 година [CTPA/CFA(2010)46] и инкорпориран во Поглавје IX; ревидиран со Извештајот во врска со методите за остварување споредливост и добивка, усвоен од страна на Комитетот за фискални прашања на 22 јуни 2010 година [CTPA/CFA(2010)55], а со кој се замени Поглавје I до III; изменет со ажурирање на Поглавје IV, усвоено од страна на Комитетот за фискални прашања на 6 јуни 2008 година [CTPA/CFA(2008)30/REV1]; со ажурирање на Предговорот и на Воведот, усвоено од страна на Комитетот за фискални прашања на 22 јуни 2009 година [CTPA/CFA(2009)51/REV1]; и со ажурирање на Предговорот, Воведот, Поимникот, Поглавје IV-VIII и на Анексите, усвоено од страна на Комитетот за фискални прашања на 22 јуни 2010 година [CTPA/CFA(2010)47]; Имајќи ја предвид фундаменталната потреба за соработка меѓу даночните администрации со цел да се отстранат пречките што двојното оданочување во меѓународни рамки ги поставува за слободното движење на производите, услугите и на капиталот меѓу земјите-членки; Сметајќи дека е можно трансакциите меѓу поврзаните претпријатија да се одвиваат во услови што се разликуваат од условите на трансакциите што се вршат меѓу независни претпријатија; Сметајќи дека цените на овие трансакции меѓу поврзаните претпријатија (обично наречени трансферни цени) сепак треба, за потребите на оданочувањето, да бидат во согласност со цените што би се наплатувале меѓу независни претпријатија (обично наречени цени „дофат на рака“), како што е предвидено во став 1 од член 9 од Модел-конвенцијата за оданочување на ОЕЦД во врска со приходот и со капиталот; Сметајќи дека проблемите поврзани со трансферните цени во рамките на меѓународни трансакции добиваат посебно значење кога се има предвид значајниот обем на овие трансакции; Имајќи ја предвид потребата да се оствари доследност во пристапите на даночните администрации, од една страна и на поврзаните претпријатија од друга страна, во однос на утврдувањето на приходите и на расходите на даденото претпријатие кое е дел од конкретна ГМНП, а што треба да се има предвид во рамките на конкретна јурисдикција. I. BcB_BSBCBKB@