OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 436

434 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ VI: НЕМАТЕРИЈАЛЕН ИМОТ И ВРЕДНУВАЊА СО МОШНЕ НЕИЗВЕСЕН КАРАКТЕР лиценца до претпријатието Y, штотуку формирано зависно претпријатие, во период од пет години. Стапката за пресметување на надоместот за користење на авторското право е утврдена на 2 процента. Оваа стапка на надомест за користење на авторско право се темели врз проекција за користа што треба да се оствари од непосредното користење на нематеријалниот имот, од каде што се очекува продажба на производот од 50 до 100 милиони единици во секоја од првите пет години одделно. 9. Утврдено е дека, во договорите меѓу независни друштва кои се бават со споредлив нематеријален имот во споредливи околности, не се земаат предвид проекции што се доволно сигурни за да може да се оправда фиксна стапка на авторски надомест, па затоа обично се договараат да вметнат клаузула за ценовна корекција за да се одразат разликите меѓу фактичката и очекуваната полза. Во договорот што друштвото X го склучува со независен производител за споредлив нематеријален имот во споредливи околности се предвидуваат следниве корекции на стапката на авторскиот надомест: Продажба Стапка на надоместот за користење на авторски права До 100 милиони 2,00% Следни 50 милиони 2,25% Следни 50 милиони 2,50% Над 200 милиони 2,75% 10. Всушност, продажбата реализирана од страна на претпријатието Y во првата година изнесува 50 милиони единици, но во годините потоа, продажбата е трипати поголема од проектираните бројки. Во согласност со принципите содржани во овој дел од текстот, за овие натамошни години, даночната администрација има право да ја утврдува стапката на авторскиот надомест врз основа на клаузулата за ценовни приспособувања што би била договорена и применета во споредлива неконтролирана трансакција, како на пример во трансакција меѓу претпријатието X и независниот производител. Да се погледне параграф 6.30, 6.32 до 6.33 од „Насоките.“ ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ