OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 435

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ VI: НЕМАТЕРИЈАЛЕН ИМОТ И ВРЕДНУВАЊА СО МОШНЕ НЕИЗВЕСЕН КАРАКТЕР – 433 предвиди дали продажбата ќе продолжи да расте, дали ќе се откријат и други полезни ефекти и кои настани на пазарот можат да влијаат врз продажбата паралелно со процесот во кој конкурентите ги користат за своја полза сознанијата од откритието. Поради сите овие аспекти, повторното вреднување на правата врз нематеријалниот имот е мошне несигурен процес. Сепак, поврзаните претпријатија склучуваат нов договор за издавање под лиценца, со важност од десет години, со што значително се зголемува фиксниот износ на авторскиот надомест врз основа на очекувањата за континуирана и растечка побарувачка. 6. Во оваа индустрија, не е практика да се склучуваат долгорочни договори со фиксен износ за авторски надомест кога нематеријалниот имот што е предмет на преговори поседува потенцијално голема вредност, но вредноста не е утврдена низ евиденција за минати настани. Не постојат ниту податоци според кои, со оглед на несигурноста при вреднувањето, биле извршени какви било приспособувања што независните претпријатија ги сметаат за соодветни за оправдување на договорот со фиксен износ на авторски надомест. Да претпоставиме дека постојат податоци според кои независните претпријатија би инсистирале на заштита во форма на клаузули за идни ценовни приспособувања, а врз основа на годишно спроведувани анализи. 7. Да претпоставиме дека, во четвртата година од договорот, продажбата се зголемува, а износот на авторскиот надомест утврден со десетгодишниот договор се смета за соодветен во согласност со принципот „дофат на рака“. Но, на почетокот од петтата година од договорот, еден конкурент пласира лек кој е поефикасен од првиот лек кој се користеше во комбинација во терапевтската категорија, со што продажбата на првиот лек за таа намена почнува бргу да опаѓа. Авторскиот надомест утврден на почетокот од десетгодишниот договор не може да се смета за износ во согласност со принципот „дофат на рака“ по петтата година, па затоа дан B