OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 434

432 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ VI: НЕМАТЕРИЈАЛЕН ИМОТ И ВРЕДНУВАЊА СО МОШНЕ НЕИЗВЕСЕН КАРАКТЕР 2. Во третата година од важноста на договорот, се открива дека лекот има можности да се користи во една друга терапевтска категорија, во комбинација со друг лек, а тоа откритие доведува до значителен пораст во обемот на продажбата и на добивката на корисникот на лиценцата. Ако за договорот се преговарало во согласност со принципот „дофат на рака“ во неговата трета година притоа имајќи ги предвид овие сознанија, несомнено е дека ќе бил договорен повисок износ на надомест за користење на авторските права за да се одрази зголемената вредност на нематеријалниот имот. 3. Постојат податоци (кои ù се ставени на располагање на даночната администрација), како поткрепа на ставот дека новите способности на лекот не биле очекувани во моментот кога договорот стапил на сила и дека износот на авторскиот надомест во првата година соодветно се базирал врз користа што двете страни реално ја очекувале во тој момент. Непостоењето клаузули за ценовно приспособување или за друга заштита од ризикот на несигурноста при вреднувањето, исто така се конзистентни со условите од споредливите неконтролирани трансакции. Врз основа на анализата на однесувањето на независни претпријатија во слични околности, нема причина да се смета дека развојот на настаните во третата година од договорот бил толку фундаментале