OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 433

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ VI: НЕМАТЕРИЈАЛЕН ИМОТ И ВРЕДНУВАЊА СО МОШНЕ НЕИЗВЕСЕН КАРАКТЕР – 431 Анекс кон Поглавје VI Примери за илустрација на насоките при нематеријален имот и вреднувања со мошне неизвесен карактер Во следниве три примери се илустрира примената на принципите кои се однесуваат на утврдувањето цени согласно принципот „дофат на рака“ во ситуации кога утврдувањето на вредноста на нематеријалниот имот што е предмет на промет е со мошне неизвесен карактер во моментот на трансакцијата. Да се погледне параграф 6.28 до 6.35. Приспособувањата и претпоставките во однос на аранжманите „дофат на рака“ во примерите од натамошниот текст се наменети да послужат само како илустрација и не треба да се сметаат како основи со кои се пропишуваат приспособувања и аранжмани „дофат на рака“ во фактички ситуации или во конкретни гранки. Иако настојувањето е да се демонстрираат принципите од оние делови од „Насоките“ на кои се однесуваат, овие принципи мора во секој случај одделно да се применуваат во согласност со фактите и со околностите на конкретниот случај. Пример 1 1. Правата за производство и за дистрибуција за веќе воведен лек се предмет на лиценцирање меѓу поврзани претпријатија, според договор со кој се утврдува надомест за авторски права во текот на трите години во кои договорот е валиден. Се заклучува дека тие услови се во согласност со практиката во конкретната индустрија и со еквивалентните договори „дофат на рака“ за споредливи производи, а износот на надомест за користење на авторските права се прифаќа како еквивалентен на износот што се договара при неконтролирани трансакции, врз основа на користа што обете страни реално ја очекуваат во моментот кога договорот влегува во сила. ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ