OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 432

430 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ валидност при доставувањето на првичното барање за спроведување на таа спогодба. Сепак, постои можност да се намали нивото на деталност доколку со тоа се согласат даночните администрации што учествуваат во процесот, особено доколку во меѓувреме не се случиле никакви суштински промени во однос на фактите и на околностите на конкретниот случај. Обновувањето на ПЦС ПЗД не е автоматско и зависи од согласноста на сите засегнати страни и од тоа дали даночниот обврзник успешно ќе докаже, меѓу останатото, дека постапува во согласност со општите и со конкретните услови од постојната ПЦС ПЗД. Се разбира, постои можност методологијата, како и општите и конкретните услови на обновената ПЦС ПЗД, да се разликуваат од методологијата, од општите и од конкретните ус