OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 431

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 429 општите и посебните услови од спогодбата можат да бидат доволно флексибилни за да ги амортизираат последиците од овие промени без притоа да се укаже потреба од ревизија. 84. Известувањето за настанатата промена, даночниот обврзник треба да го достави до даночната администрација што е можно поскоро веднаш по појавата на самата промена или кога даночниот обврзник ќе стекне сознание за промената, а во секој случај најдоцна во рокот за доставување, доколку такво барање постои, на годишниот извештај за таа конкретна година или за тој конкретен сметководствен период. Се советува навремено известување на засегнатите страни за да им се даде повеќе време да се обидат да остварат согласност околу ревидирањето на ПЦС ПЗД, со што ќе се намали веројатноста таа спогодба да се поништи. 85. Во ревидираната ПЦС ПЗД треба да биде утврден датумот од кој стапува на сила ревизијата, но и датумот по кој првичната ПЦС ПЗД повеќе нема правна сила. Доколку датумот на промената може прецизно да се определи, ревизијата обично стапува на сила од тој датум, меѓутоа, доколку не е можно датумот на примената да се утврди со сигурност, ПЦС ПЗД обично се ревидира со правна сила од првиот дел од сметководствениот период кој следува по сметководствениот период во кој се случила промената. Доколку даночните администрации и даночниот обврзник не можат да се согласат околу потребата од ревидирана ПЦС ПЗД или околу тоа како ќе треба да се ревидира самата спогодба, истата се поништува и повеќе нема правна сила за даночните обврзници и за даночните администрации кои се нејзини учесници. Утврдувањето на датумот од кој почнува валидноста на поништувањето на ПЦС ПЗД обично ги следи истите принципи што се применуваат за утврдување на датумот на спроведување на ревизијата. Д.4 Обновување на претходни ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање 86. Барање за обновување на ПЦС ПЗД треба да се достави во период што го утврдуваат даночните администрации што се учесници во процесот, имајќи ја предвид потребата даночните обврзници и даночните администрации да имаат доволно време да го разгледаат и да го оценат барањето за обновување и да постигнат согласност. Од полза може да биде со процесот на обновување на ПЦС ПЗД да се почне доволно долго време пред истекот на рокот на валидност на постојната спогодба во рамките на постапката на заемно договарање. 87. Формата, обработката и оцената на барањето за обновување на ПЦС ПЗД обично се слични со формата, обработката и со оцената за ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ