OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 43

ПОГЛАВЈЕ I: ПРИНЦИПОТ „ДОФАТ НА РАКА“ – 41 на односите меѓу поврзаните претпријатија во рамките на групата. Нивниот аргумент е дека методот на одвоено сметководство е несоодветен за групите со високо ниво на интегрираност бидејќи е тешко да се определи колкав е придонесот одделно на секое поврзано претпријатие кон остварувањето на севкупната добивка на ГМНП. 1.20 Освен наведените аргументи, застапниците на овој пристап тврдат дека со глобалното распоредување на добивката по формула се намалуваат трошоците што даночните обврзници ги имаат за усогласување со законските обврски бидејќи, во принцип, групата би изготвувала само еден комплет извештаи за потребите на домашното оданочување. 1.21 Земјите-членки на ОЕЦД не ги прифаќаат овие аргументи и сметаат дека глобалното распоредување на добивката по формула не е реална алтернатива за принципот „дофат на рака“, од причини наведени во натамошниот текст. 1.22 Најбитната забелешка кон глобалното распоредување на добивката по формула е тешкотијата во имплементирањето на овој систем на начин кој истовремено ќе овозможи заштита од двојното оданочување и ќе го осигури поединечното оданочување. Постигнувањето на оваа цел наметнува потреба од интензивна соработка и консензус во меѓународни рамки во врска со тоа кои претходно утврдени формули ќе треба да се користат и во врска со составот на конкретната група. На пример, за да се избегне двојното оданочување, како прв чекор ќе треба да се постигне општа согласност за усвојување на пристапот, по што ќе следи договор околу утврдувањето на глобалната даночна основа за ГМНП, за примената на заеднички сметководствен систем, за факторите што треба да се применат за распределба на даночната основица меѓу различни јурисдикции (вклучувајќи ги и земјите кои не се членки на ОЕЦД), како и за тоа како да се мерат и пондерираат тие фактори. За постигнувањето на една таква сеопшта согласност би било потребно многу време и истото би било многу тешко да се оствари. Воопшто не е сигурно дека земјите ќе сакаат да се согласат со примена на универзална формула. 1.23 Дури и кога некои земји би биле подготвени да го прифатат пристапот на глобално распоредување на добивката по формула, ќе се јават несогласувања бидејќи секоја земја може да сака да нагласи или да вклучи различни фактори во формулата врз основа на оние активности или фактори кои преовладуваат во нејзината јурисдикција. Секоја земја би имала силен поттик да изведе формула или пондери на формули со кои би се максимизирале нејзините приходи. Освен тоа, даночните адм B