OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 429

АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ – 427 78. При отповикување на ПЦС ПЗД, самото отповикување е ретроактивно сè до првиот ден од првата даночна година или сметководствен период за кој важела ПЦС ПЗД, при што оваа спогодба натаму нема да има никаква правна сила и ефект врз засегнатиот даночен обврзник и врз засегнатата даночна администрација. Поради сериозниот ефект од ваквото постапување, даночната администрација што предлага отповикување на ПЦС ПЗД тоа треба да го стори само по внимателна и сеопфатна оцена на релевантните факти при што треба навреме да го информира и да се консултира со засегнатиот даночен обврзник и со другата даночна администрација односно даночни администрации. Д.3.2 Поништување на претходни ценовни спогодби во рамките на постапката за заемно договарање 79. Даночната администрација може да ја поништи ПЦС ПЗД (еднострано или низ заемна согласност) доколку се утврди дека настанала некоја од следниве ситуации: а) се случило погрешно претставување, грешка или превид што не може да се припише на немарност, невнимание или на намерно непридржување кон обврските од страна на даночниот обврзник при изготвувањето и поднесувањето на барањето за ПЦС ПЗД, при изготвувањето и доставувањето годишни извештаи или друга придружна документација или при доставувањето какви било поврзани информации; или б) даночниот обврзник што учествува во процесот не испочитувал одреден општ или конкретен услов содржан во ПЦС ПЗД; или в) дошло до суштинско кршење на една или на повеќе критични претпоставки; или г) дошло до измена во даночното право, вклучувајќи и измена во одредена одредба од договор за избегнување на двојно оданочување што е од суштинско значење за ПЦС ПЗД; при што се покажало како невозможно да се ревидира самата спогодба (да се погледне параграф 80 до 82 од натамошниот текст) за да се одразат применетите околнос