OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administrations OECD Transfer Pricing Guidelines, July 2010 | Page 426

424 – АНЕКС КОН ПОГЛАВЈЕ IV: ПРЕТХОДНИ ЦЕНОВНИ СПОГОДБИ обврзник не ги испочитува општите и конкретните услови од ПЦС ПЗД, спогодбата повеќе нема да треба да се применува. Затоа, овој дел од текстот се фокусира врз оние аспекти од домашните процедури кои се неопходни за успешна реализација на ПЦС ПЗД и врз неопходните мерки со кои се гарантира почитувањето на сите општи и конкретни услови од таа претходна спогодба од страна на даночниот обврзник. Д.1 Водење евиденција 71. Даночниот обврзник и даночните администрации треба да се догово­ ат околу видовите документи и евиденција (заедно со сите р потребни преведени верзии), што даночниот обврзник мора да ги води и одржува за да може да се провери до кој степен даночниот обврзник постапува во согласност со ПЦС ПЗД. Треба да се следат упатствата содржани во Поглавје IV и V од „Насоките“ со цел да се избегне барањата во врска со документирањето да станат преголем товар за даночниот обврзник. Можат да се вклучат и одредби во врска со периодот на задржување и рокот за одговор, во смисла на доставување на бараните документи и евиденција. Д.2 Механизми за мониторинг Д.2.1 Годишни извештаи 72. За секоја даночна година или за секој сметководствен период што се опфатени со ПЦС ПЗД, од даночниот обврзник може да биде побарано, покрај даночната пријава, да достави и годишен извештај со опис на конкретните активности во текот на таа година и да приложи докази за сопственото постапување во согласност со општите и со конкретните услови од ПЦС ПЗД, вклучувајќи ги и информациите што се неопходни да се утврди дали се исполнети главните претпоставки или други заштитни мерки. Овие информации даночниот обврзник треба да ги достави до даночната администрација со која има договорено домашна потврда или согласност, на начин предвиден со релевантното домашно законодавство или постапка. Д.2.2 Надворешна контрола 73. ПЦС ПЗД важи само за оние страни кои се прецизирани во договорот и во однос на прецизирани трансакции. Постоењето на спогодба не ги спречува даночните администрации кои учествуваат во ОЕЦД НАСОКИ ЗА ТРАНФЕРНИ ЦЕНИ